Туту груминг Центар е неразделен дел од Туту Центарот за Благосостојба на миленици, еден од водечките центри за професионална нега и благосостојба на домашни миленици во Скопје. Нудиме комплетни услуги за груминг на кучиња и мачки, вклучувајќи чистење, миење, потстрижување, обликување, стилизирање и СПА терапии.

Нашиот тим користи само природни и органски производи, почитувајќи ги највисоките стандарди за здравје, хигиена и удобност на милениците. Со специјализирана опрема како што се вертикални СПА када, озон терапија и арома терапија, обезбедуваме специфична грижа која ги подобрува состојбата на кожата и крзното кај вашите миленици.
Туту е фокусиран на одговорно сопствеништво и максимална благосостојба на животните, со минимален стрес за милениците. Ние сме познати по професионалност и искуство во потстрижување и обликување на кучиња, мачки и домашни миленици, со специјализиран пристап кон секој вид и раса.




